Достапни линкови

Повторно приведени демонстранти во Белорусија


Демонстранти се солидаризираат со приведените опозицски лидери во Белорусија

Демонстранти се солидаризираат со приведените опозицски лидери во Белорусија

Полицијата во Белорусија притвори десеттина луѓе кои со свеќи пред седиштето на КГБ изразуваа поддршка за опозициските лидери кои се во притвор веќе еден месец по претседателските избори. Меѓу 25те луѓе кои се уште се во притвор по демонстрации на 19 декември се и троjца претседателски кандидати. Полицијата синоќа ги прекина мирните протести на кои неколку десетици демонстранти со свеќи им изразуваа поддршка на притворените.. Се очекува в понеделник европските министрите за надворешни работи во Брисел да разговараат за воведување на нови санкции против лидерот на Белорисија. ЕУ и САД остро го критикуваа апсењето на опозициските демонстранти по претседателските избори на кои победи Александар Лукашенко.
XS
SM
MD
LG