Достапни линкови

Протести на студентите во Судан


Суданската полиција соопшти дека уапсила неколку студенти, кои протестираа денеска во Џарум. Полицијата ја спровела акцијата со цел да ги растури анти-владини протести инспирирани од случувањата во Египет и Тунис. Стотици вооружени полицајци употребиле солзавец и палки против демонстрантите.
Властите ги затвориле и влезовите на четири универзитети во главниот град, каде студентите извикували анти-владини слогани. Протесни групи се појавиле и на социјалните мрежи со имиња како „Младите за промени“ и „Искра“.
XS
SM
MD
LG