Достапни линкови

logo-print

Безредие на улиците низ Египет


Протестите во Египет

Протестите во Египет

Египетските безбедносни сили соопштија дека синоќа илјадници затвореници избегале од затворот Вади Натурн, откако на полицијата по немирите и било наредено да остане во станиците. Според извештаите во текот на ноќта имало и грабежи на продавници и палење на автомобили во Александрија, Суез и другите градови.
Безбедносните сили беа распоредени пред клучните владини згради и за тоа време демонстрантите влегле во националниот музеј во Каиро и оштетиле две мумии и краделе бесценети антиквитети. Во Египет денеска се затворени банките, училиштата и продавниците.
XS
SM
MD
LG