Достапни линкови

logo-print

Во судир на возови во Германија 10 загинати


Германските власти соопштија дека најмалку 10 луѓе загинале, а повеќе од 30 се повредени во судир на возови во североисточниот дел на земјата. Според извештаите синоќа еден регионален патнички воз се судрил со товарен воз и притоа неколку вагони излетале од шините. Причината за несреќата се уште не се знае. Над 150 пожарникари, полицајци и други тимови за спасување биле на местото на настанот. Патничкиот воз сообраќал меѓу градовите Магдебург и Халберштад при несреќата.
XS
SM
MD
LG