Достапни линкови

Прилепската болница со ограничени услуги?


Прилепската болница
Прилепската болница

Со новата акредитација прилепската болница, како што тврдат дел од докторите вработени во болницата, ќе им пружа ограничени услуги на пациентите.

Прилепската болница деновиве од Министерството за здравство доби нова акредитација за три одделенија: интерното, детското и хирурушкото. Дел доктори-специјалисти во болницата особено од хируршките гранки реагираат и тврдат дека со ова практично се скратуваат здравствени услуги за пациентите, кои биле извршувани со успех и по 20-ина години, па пациентите и за банални операции како кила ќе се испраќаат во Битола.

Тие оценуваат дека на овој начин, од регионална каде се згрижуваат над 120.000 пациенти од поширокиот регион на Прилеп, Кривогаштани, Долнени, Крушево и Македонски Брод, оваа установа ќе стане локална болница на рангот на оние во Кичево, Кочани и Кавадарци. Освен тоа ќе се зголемат и трошоците на
Апелирам до раководството на ВМРО-ДПМНЕ од градот, градоначалникот Марјан Ристески, пратениците во Собранието на Република Македонија од нашиот град и министрите од нашиот град, да се ангажираат и да се заложат максимално да се исправи оваа
неправда.
пациентите за лекување.
Во интерното одделение им се зголемува обемот на услугите, додека во другите одделенија имаат помалку или повеќе забелешки.

„Ограничување на пример операции кај деца до 3 години, од кила од неспуштен тестис кои ние 20, 30 години ги работиме, радикални операции на града кај жена.“

„Главоболки, колапсни состојби, колапсни состојби може на секој да му се случи“, велат д-р Димитар Младеноски, началник на хируршко и д-р Менче Кадинец на детското одделение.

Жалба до Министерството ќе достави и ортопедското одделение зашто дел услуги кои ги извршуваат ортопедите, треба да ги вршат хирурзите.

Директорот Илија Богатиноски, иако демантираше дека има решение со кое се ограничуваат здравствените услуги на граѓаните, тој сепак изјави дека добил усно ветување од Министерството дека забелешките ќе бидат отстранети.

„Постои официјално жалба во дописот пишано, меѓутоа во разговорот е кажано дека, само вие доставете ја листата без да се праќа на второстепена комисија, дека ќе ви направиме корекција, технички дека ќе биде вратена назад“, изјави директорот Богатиноски.


Тој тврди дека болницата ќе го задржи нивото на регионална здравствена установа. Законскиот рок за жалба е до почетокот на идниот месец, потенцираат од прилепската организација на СДСМ и апелираат:

„Апелирам до раководството на ВМРО-ДПМНЕ од градот, градоначалникот Марјан Ристески, пратениците во Собранието на Република Македонија од нашиот град и министрите од нашиот град, да се ангажираат и да се заложат максимално да се исправи оваа неправда“, изјави д-р Илија Јованоски, претседател на општинската организација на СДСМ.

Тие се закануваат со протести, доколку прилепската болница падне на рангот на локални болници.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG