Достапни линкови

САД и ЕУ со реакција за протестите во Египет


Протестите во Египет

Протестите во Египет

САД и ЕУ денеска ги повторија повиците за спроведување на реформи и смирување на ситуацијата во Египет, каде пет дена не престануваат демонстрациите. Потпаролот на Стејт Департментот Фили Кроули изјави дека поради присуството на демонстрантите на улиците низ Египет тие остануваат и натаму загрижени за појавата на насилство и повикаа да се смират страстите.
Американскиот претседател Барак Обама претходно побара од египетските власти да не користат насилство на протестите.
ЕУ побара да бидат ослободени политичките затвореници. Претседателот на Унијата Херман Ван Ромпуј изјави дека очекува ветувањето на египетскиот претседател Хосни Мубарак за исполнување на реформите да биде спроведено.
XS
SM
MD
LG