Достапни линкови

СДСМ нема да присуствува на координативната средба на Парламентот


Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски

СДСМ соопшти денеска дека нема да присуствува на координациите што за в понеделник ги закажа претседателот на Собранието Трајко Вељаноски. Според претседателот на партијата Гордан Георгиев тие вчера соопштиле дека нема да и даваат легитимитет на недемократска и ненародна власт, која ја загрозува слободата и демократијата во земјата. Од опозицијата ја обвинуваат владата дека сака да има монопол врз се и како пример го наведоа нејзиното мешање во работата на медиумите.
XS
SM
MD
LG