Достапни линкови

Мета на нападот на аеродромот Домодедово биле странците


Цвеќе за жртвите на местото на експлозијата на аеродромот Домодедово

Цвеќе за жртвите на местото на експлозијата на аеродромот Домодедово

Мета на бомбашот самоубиец кој изврши напад на московскиот аеродром Домодедово биле странските државјани, кои пристигнувале во Русија. Според потпаролот на истражниот комитет Владимир Маркин актот на тероризам не случајно бил извршен на секторот за меѓународни пристигнувања.
Нападот го извршил 20 годишен маж од Кавказ, но комисијата нема да го соопшти неговото име за да бидат фатени и неговите соочесници. При експлозијата на аеродромот 35 луѓе загинаа, а најмалку 120 беа повредени.
XS
SM
MD
LG