Достапни линкови

МНР апелира да не се патува за Египет


Протестите во Египет

Протестите во Египет

Во македонската амбасада во Каиро досега не се обратил ниту еден македонски државјанин за помош за враќање во земјава, по протестите и немирите во Египет. Од македонското Министерство за надворешни работи соопштија дека се во постојан контакт со Амбасадата во Каиро. Министерството нема информации колку Македонци живеат, работат или се во посета на Египет во моментов. МНР апелира сите граѓани кои планираат да заминат за Египет, ако е можно, да го одложат своето патување.
XS
SM
MD
LG