Достапни линкови

Холандија реагира за егзекуцијата на нивна државјанка во Иран


Холандското министерство за надворешни работи го повика денеска амбасадор на Иран поради бесењето на жената со холандско државјанство, а по потекло од Иран, која беше уапсена за време на протестите против спорните претседателски избори во 2009 година. Холандските власти неможеле веднаш да ги проверат наводите за егзекуцијата на Захра Бахрами. Националната иранска телевизија соопшти дека Бахрами била во посета на роднини во Исламската република.
XS
SM
MD
LG