Достапни линкови

Поголема соработка меѓу македонското и српското МВР


Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска со спрскиот колега Ивица Дачиќ

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска со спрскиот колега Ивица Дачиќ

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и нејзиниот српски колега Ивица Дачиќ при денешната средба договориле нови форми за поинтензивна соработка меѓу двете земји. Јанкулоска на Дачиќ му предала два текста за воспоставување заеднички контакт за полициска и гранична контрола, а тој текстот за поминување на заедничката граница само со лични карти. Тие разговарале и за заемна заштита на личните податоци и соработка при справување со елементарни непогоди и катастрофи.
XS
SM
MD
LG