Достапни линкови

Кипар ја подржува Палестина во преговорите со Израел


Шефот на кипарската дипломатија Маркос Киприану по средбата со палестинскиот колега Риад ал Малики, изјави дека неговата земја ја подржува палестинската влада во изнаоѓање на компромис со Израел. Киприану и Малики разговарале и за билатералните односи меѓу нивните земји, за врските меѓу ЕУ и палестинските автономни територии и за Медитеранската унија.
XS
SM
MD
LG