Достапни линкови

Разговори Јанкуловска - Дачиќ во Скопје


Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, кој од вчера е во Македонија, денеска во Скопје ќе има средба со македонската министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. Дачиќ вчера беше на прославата на српскиот празник Свети Сава во скопското село Кучевиште, при што изјави дека наскоро граѓаните на Македонија и на Србија ќе ја минуваат меѓусебната граница без пасоши. На следниот состанок на премиерите на двете земји ќе биде потпишан договорот за премин на границата само со лична карта, изјави Дачиќ.
XS
SM
MD
LG