Достапни линкови

Цеца ги обедини политичарите во Хрватска


Serbia - Svetlana Raznatovic Ceca, Folk Singer, undated

Serbia - Svetlana Raznatovic Ceca, Folk Singer, undated

Хрватската полиција најверојатно нема да дозволи одржување на концертот на фолк пејачката Цеца Ражнатовиќ на стадионот „Максимир“ поради безбедносни причини, објави денеска весникот „Јутарњи лист“.
Весникот наведува дека неприфаќањето на настапот на српската фолк пејачка ги обедини политичките противници, десничарската Хрватска партија на правата и Социјалдемократската партија која се наоѓа во левиот центар.
Полицијата поради големиот ризик за настапот што го најавија агентите на Цеца за во јуни на стадионот „Максимир“ нема да им издаде работна дозвола која е неопходна на странските државјани кои сакаат да настапат во Хрватска, нагласува весникот.
Градските власти во чија сопственост е стадионот, најавија дека нема да го стопираат одржувањето на концертот доколку полицијата издаде дозвола за настап.
XS
SM
MD
LG