Достапни линкови

Велјановски: Грција, фактор на нестабилност


Трајко Вељаноски

Трајко Вељаноски

Претседателот на македонскиот парламент Трајко Вељановски кој престојува во посета на Црна Гора денеска во Подгорица ја обвинил Грција дека станала фактор на нестабилност во регионот, пренесува српската агенција Бета. Тоа тој го образложил со спорот со името на Македонија со што се блокира натамошната интеграција на земјата во Европската унија и НАТО. Вељановски во Подгорица имаше средба со претседателот на собранието на Црна Гора Ранко Кривокапиќ. По средбата тие изразија критики за дејствувањето на Српската православна црква во Македонија и во Црна Гора.
XS
SM
MD
LG