Достапни линкови

Во Македонија прв државен центар за жртви на трговија со луѓе


Министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами најави дека од денеска почнува да функционира новото прифатилиште, првиот државен Центар за жртви на трговија со луѓе. Министерот Бајрами рече дека локацијата на центарот ќе остане во тајност, но иако во моментов нема ниту едно лице кое престојува во него, се е подготвено да им се помогне на жртвите. Лицата кои ќе се пријават, во центарот може да останат шест месеци, но во меѓувреме ќе се работи на изнаоѓање долгорочно решение за сместување на жртвата. На прес конференцијата присуствуваше и амбасадорот на САД Филип Рикер кој рече дека денес се бележи значаен чекор во борбата на Македонија против трговијата со луѓе
XS
SM
MD
LG