Достапни линкови

logo-print

Поголемиот број училишта во Србија затворени


Три од вкупно четирите синдикати на вработените во образованието денеска во Србија организираат штрајк и ја прекинаа наставата во поголем број училишта.
Синдикатите наведуваат дека во околу 1.500 од вкупно 1.800 основни и средни училишта нема настава, додека во останатите училишта часовите се скратени односно траат 30 минути.
По пропаднатите преговори меѓу синдикатите и Владата за значително зголемување на буџетот за образованието, како и за зголемување на платите на вработените, синдикатите најавија дека нема да се откажат од своите барања.
XS
SM
MD
LG