Достапни линкови

Друцас - Атина има воља за решавање на проблемот со името


Атина има политичка волја да се најде решение за спорот со Скопје и јасно ја кажува својата позиција за име со географска одредница за севкупна употреба, изјави шефот на грчката дипломатија Димитрис Друцас вчера во Подгорица, одговарајќи на новинарско прашање што очекува од денешната средба со неговиот македонски колега Антонио Милошоски.
„Уште еднаш го повикуваме Скопје да покаже конструктивност и да избегнува активности и изјави кои ги поткопуваат грчките искрени напори“, рече Друцас на заедничката прес-конференција со црногорскиот министер за надворешни работи Милан Роќен.
За денешната средба со Милошоски во Будва рече дека на секој форум на кој и двајцата учествуваат тие се среќаваат и разменуваат мислења, додавајќи оти и грчката Влада презема иницијативи за контакти со раководството во Скопје, а премиерот Јоргос Папандреу за средби со неговиот македонски колега Никола Груевски.
XS
SM
MD
LG