Достапни линкови

logo-print

Милошоски: со Друцас разговори за името и за економска соработка


Милошоски и Друцас - средба на 12 Мај

Милошоски и Друцас - средба на 12 Мај

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Антонио Милошоски денеска на маргините на состанокот на шефовите на дипломатиите на членките на Процесот за соработка во Југоисточна Европа што ќе биде одржан во Будва ќе се состане со шефот на грчката дипломатија Димитрис Друцас.
Оваа средба е во пресрет на состанокот на Медијаторот во македонско-грчките разговори за името Метју Нимиц со претставниците на двете земји Зоран Јолевски и Адемантиос Василакис, закажана за 9 февруари во Њујорк. Милошоски за Слободна Европа изрази дека македонската страна покажала интерес за оваа средба и дека со Друцас би можело да се разговара меѓу другото и за економската соработка, отворање гранични премини и за можен договор за одбегнување на двојното оданочување.
XS
SM
MD
LG