Достапни линкови

Американец од Конзулатот во Лахоре пред Суд за убиство на моторџии


Моторот на напаѓачите на американецот во Лахоре

Моторот на напаѓачите на американецот во Лахоре

Американец од Конзулатот во Лахоре денеска се очекува да се појави на Суд во Пакистан. Тој вчера, како што изјавил, во само одбрана застрелал двајца мажи на мотоцикл, кои сакале да го ограбат. Третото лице загинало во судар со автомобил од Конзулатот кој пристигнал ма местото на настанот. Полицијата соопшти дека американцот би можел да биде обвинет и за убиство и за илегално носење оружје.
Полицијата соопшти дека ќе има пријава и против непознати лица поради убиство на третиот човек. Овој случај може да го разгори антиамериканското расположение во Пакистан, клучен американски сојузник во војната против тероризмот.
XS
SM
MD
LG