Достапни линкови

А1 протестира со програма од отворено студио пред владата


Новинарот Горан Петрески ги води вечерните вести на А1 телевизија од отворено студио пред владата

Новинарот Горан Петрески ги води вечерните вести на А1 телевизија од отворено студио пред владата

А1 телевизија почна да емитува програма од под отворено небо пред Владата, во знак на протест против блокирањето на сметките на телевизијата. А1 смета дека блокирањето на сметката е директен обид на власта за замолчување на најстарата приватна телевизија.
А1 објави дека Кривичниот суд во Скопје, меѓу другите фирми, ја блокирал сметката и на телевизиите А1 и А2, како и на фирмата што ги издава весниците Време, Шпиц и Коха е ре, за да се обезбедат пари во врска со наводните кривични дела на фирмите од Перо Наков за кои се води истрага.

Со соопштение, на протестот на А1 реагираше и владата. Во соопштението се вели дека Владата не го замрзнала имотот на А1 туку судот и оти владата нема ингеренции за такво нешто.

„Цениме дека протестот пред објектот на Владата кој го организираа група на лица вработени во компании коишто имаат седиште на улица Перо Наков ББ, кои компании се дел од предмет кој е во судска постапка и на кои компании се однесува судската одлука, е несоодветен и беспредметен. Тоа е манипулација и злоупотреба на општествената позиција, со претходно проектирана цел за нанесување на штета на имиџот на Владата, во функција на остварување на лични и политички интереси на поединци и партии“, се наведува во соопштението на Владата.
XS
SM
MD
LG