Достапни линкови

ХОПС со поддршка за проститутките


Сексуалните работнички од Охрид поддржани од Дневниот центар кој работи за подобрување на нивниот економски, социјален и здравствен статус.

Сексуалните работнички кои доброволно ја одбрале сексуалната работа да обезбедат пари, храна, место за спиење, дрога и други материјални добра, во Охрид се поддржани од Дневниот центар кој работи за подобрување на економскиот, социјалниот и здравствениот статус, нивен и на клиентите, нудејќи им бесплатни гинеколошки прегледи, кондоми и лубриканти, хигиенски пакети, социјални, медицински и други услуги, совети за безбеден секс и превенција од преносливи болести, информации преку разговори на терен и дистрибуција на печатен материјал за сексуално и репродуктивно здравје.
Целта е да ја јакнат нивната заедница, да станат посилни, да се здружат, да разговараат за своите проблеми, а ние им даваме поддршка јасно да проговорат за својот проблем.


„Целта е да ја јакнат нивната заедница, да станат посилни, да се здружат, да разговараат за своите проблеми, а ние им даваме поддршка јасно да проговорат за својот проблем. Сепак тоа се девојки со кои што се среќаваме секојдневно, а воопшто не знаеме дека се сексуални работнички, кои биле принуди, животот ги натерал да се одлучат на таа работа. Меѓу нив има девојки и жени, самохрани мајки, кои на тој начин одбрале да си го прехранат, издржуваат своето семејство, а животот ги натерал на таква судбина“, вели Царева Рувинова координатор на „НВО ХОПС Охрид“, што една година работи со 90-тина сексуални работнички од охридско-струшкиот регион, каде ги има од цела Македонија и соседните земји, чиј број
Се уште нашите луѓе наши не се подготвени и не сакаат да се сензитивизира ова прашање, се уште ова им е многу чудна и нова работа, не прашуваат ’зошто да ги поддржувате,
значи вие нив ги поттикнувате‘.
секојдневно расте.

„Има девојки од 18 годишна возраст, па и поозрасни жени, кои нудат сексуални услуги, а со малолетни не работиме. Најчесто сиромаштијата ги натерала на тоа, поради лошиот семеен економски статус. Просекот се движи околу 30 годишна возраст, а ги има од сите националности. Имаме и еден маж кој нуди сексулани услуги, и доаѓа кај нас во дневниот центар“, објаснува Рувинова.

Таа додава дека во центарот на жртвите на насилство им дава социјална и правна помош, е простор каде сексуални работнички се тушираат, си приготвуваат храна, перат алишта, се шминкаат и се фризираат.

„Се уште нашите луѓе наши не се подготвени и не сакаат да се сензитивизира ова прашање, се уште ова им е многу чудна и нова работа, не прашуваат ’зошто да ги поддржувате, значи вие нив ги поттикнувате‘. Не е ова поттикнување, туку ова се сервиси со низок праг, тука нема име и презиме на корисниците, немаме нивни лични податоци, загарантирана е анонимноста на девојките кои ги сметаме за наши пријателки“, вели Рувинова од Охридскиот центар.

Тоа е еден од четирите вакви во државава, каде очекуваат девојките кои на маргините на општеството, осудувани и дискриминирани, се занимаваат со најстариот занает во светот, нудејќи го по хотелите, кафеаните-бордели и приватните станови, со поголема свесност и организираност во иднина да побараат и легализација на проституцијата, според странските искуства.

XS
SM
MD
LG