Достапни линкови

logo-print

Лоши услови за живот во село Вранче


Село Вранче

Село Вранче

Жителите на прилепското село Вранче велат дека во 21 век живеат во мизерни услови, без канализација, без асфалтирани улици, без амбуланта...

На 30-ина километри од Прилеп на патот кон Долнени се наоѓа селото Вранче каде 70-ина жители живеат како во морничав сон. Селото се гуши во калливи улици. На сите страни има огромни мочуришта, речиси и да нема улица во селото. Жителите се движат само со чизми, во секојдневниот напор да ги завршат земјоделските работи, да го одведат добитокот на пасење, зашто никој не е вработен во селото. Сите се мачат да преживеат со одгледување тутун или од продажба на млеко и млечни производи.
Беше на времето супер овде, ама сега се испусти нема
ништо.
Велат оти не може да се пофалат со некоја добра комуникација меѓусебе, но сепак сите се едногласни во ставот дека условите за живот во ова село се катастрофални. Водовод имаат, но канализација немаат, па сите нечистотии течат во големите бари од кои се шири непријатен мирис.

Неасфалтирани улици во село Вранче

„Беше на времето супер овде, ама сега се испусти нема ништо.“

„Ова е пропаст овде. Вранче е сега најпоследно село.“

„Селото е сега забацано, не не шајкарат ич.“

„Што не презема ни општината, ни ништо за нас, никаков интерес нема, во најмизерните услови што може да постојат. Во кој век сме сега, со чизми да одиме во кал до коленици, а реагирано е преку 20 пати и никој ништо не презема“, велат жителите.

Во кој век сме сега, со чизми да одиме во кал до коленици, а реагирано е преку 20 пати и никој ништо не презема.
Тие додаваат дека најтешко им е кога некој ќе се разболи. Поради калливиот пат, возилата на итна помош не можат да дојдат до куќата на болниот, па остануваат во близина на селското школо.

„Ако се поболи овде некој не доаѓа предвид брза помош да дојде, ни такси, ништо. Само на рамо ако се носи или количка некако да се носи, и количката не оди, ако ја трга некој со сиџим, па така“, вели Ѓорѓија Блажески.

Тој е еден од жителите кој што се вклучил во акцијата за самопомош за средување на селскиот пат што минува низ центарот на селото. Овој пат од Рибникот па се до својата куќа, во должина од 8 километри, одлучил да го изгради со самоинвестирање 60 годишиот Димче Ковилоски. Тој со семејството, по четири децении поминати на печалба во Германија, се вратил во родното Вранче со намера тука да ги поминува
Ако се поболи овде некој не доаѓа предвид брза помош да дојде, ни такси,
ништо.
мирните пензионерски денови. Но, освен патот, Ковилоски ќе инвестира и во целосно уредување на својата куќа, каде што ќе гради и фарма за повеќе видови птици и други животни.

Димче Ковилоски
„Инкубатор од Холандија и сакам да донесам животни кои овде многу малку се поседуваат, дури и ги нема во Македонија. А, имам добар пријател има 2500 кенгури, лами, пауни“, вели Ковилоски.

Тој им оставил аманет на нивните деца да вложуваат во својата татковина.

„Татко ми што го прави патот овде јас многу се радувам, оти тоа му беше голема желба“, вели Злате Ковилоски, еден од двајцата синови на Димче.

Ковилоски, радосни што на овој начин ќе им помогнат и на жителите на Вранче и ќе им го олеснат и разубават на овој начин секојдневието, најавуваат дека ќе достават барање до локалната самоуправа на Општина Долнени, патот што го градат да биде именуван како „Печалбарска улица“.

Од Општина Долнени информираат дека ќе ги следат сите активности на инвеститорот и сите иницијативи на жителите за комунално уредување на Вранче. Според градоначалникот Абдула Бајрамоски, иако фондот за комунални проекти во општината располага со мали и ограничени средства, сепак oпштината настојува да помогне во подобрување на условите во сите села.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG