Достапни линкови

Партиски вработувања во здравството?


Потребата од вработување на кадар, да не се искористи за партиски вработувања, предупредуваат лекарите

Потребата од вработување на кадар, да не се искористи за партиски вработувања, предупредуваат лекарите

Лекарите се сомневаат дека најавените нови вработувања во јавното здравство ќе бидат искористени за вработување на партиски кадар.

Новите вработувања во здравствениот сектор кој вчера ги најави министерот за здравство Бујар Османи, кај дел од лекарите во Клиничкиот центар отвори сомневања за нови партиски вработувања. За повеќето од нив, не е спорна потребата од кадар во здравствените установи ширум земјата, но пречи тоа што не се вработува квалитетен и искусен кадар.
Секако дека има потреба од вработувања на стручни кадри и оспособување бидејќи треба минимум пет до десет години да се оформи да стручњак, а од друга страна е искористување на приликата за да се примат партиски
кадри.


„Секако дека има потреба од вработувања на стручни кадри и оспособување бидејќи треба минимум пет до десет години да се оформи да стручњак, а од друга страна е искористување на приликата за да се примат партиски кадри“, вели доктор Спасе Јовковски од клиниката за неврохирургија,

Тој додава:

„Кога би направиле транспарентна постапка, тогаш би прифатил дека воопшто не би се зело ова во предвид.“

Поранешниот министер за здравство, доктор Ѓорги Оровчанец вели дека генералната состојба во здравствениот сектор е лоша. Постојат одделенија кои работат само со еден лекар, што е недозволиво, вели Оровчанец:
Имате одделенија еве на пример во Штип во клиничка болница каде што има само еден лекар, гинекологија во Штип каде што исто така има само еден лекар и притоа тој неможе да ги компензира со овие вработувања.

„Имате одделенија, еве на пример во Штип, во клиничка болница каде што има само еден лекар, гинекологија во Штип каде што исто така има само еден лекар и притоа тој не може да ги компензира со овие вработувања инсуфициентните работи... Од каде ќе најде гинеколог, од каде ќе најде ушен доктор во Штип? Значи ги нема, потребно е минимум четири години специјализација за да влезат во изборот. Значи ова е само еден популизам, повторно.“

Лекарите велат дека сите нови вработени треба да поминат подолг пат пред да станат одговорни за професијата што ја работат.


„Во медицината има едно правило, кога вие ќе завршите факултет, ќе завршите специјализација и уште не сте самостојни, ви треба додатно осамостојување, со помош на поискусни, постари колеги.“

Многупати досега меѓународната заедница укажуваше на потребата од формирање на професионална администрација во земјава. Зголемената јавна администрација го зголемува ризикот за политизација, изјави во неколку наврати евроамбасадорот Ерван Фуере, додавајќи дека веќе повеќе години има тенденција, не само со оваа туку и со претходните влади, за полнење на администрацијата со партиски подржувачи, што е спротивно на концептот на професионална јавна администрација.

Опозицијата, пак, обвинува дека во последните две, три години има вкупно околу 30.000 вработени во државната и јавна администрација. Владата ги негираше овие бројки со образложение дека биле вработени од пет до шест илјади во последните 20 години.
Според вкупниот број на вработени во земјава, ако има 130 илијади во јавната администрација, се смета дека половината од тие се вишок.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG