Достапни линкови

Прва жртва од грипот А (Х1Н1) во Македонија ?


Грипот од тип А (Х1Н1) ја зеде првата жртва во Македонија, јавија вчеравечер македонските медиуми. Според информациите на телевизијата „Сител“, починатиот е 30 годишен маж од Кочани кој, неофицијално, немал историја на хронични заболувања. Пациентот наводно седум дена се борел за живот и починал од белодробни тегоби. Како што јавуваат медиумите, Министерството за здравство ја потврдило информацијата а за денеска најавени се повеќе детали за случајот.
XS
SM
MD
LG