Достапни линкови

Трет ден протести во Египет


Каиро, деновиве

Каиро, деновиве

Веќе трет ден се одвиваат протести во Египет против триесет годишното владеење на претседателот Хосни Мубарак. Мали групи демонстранти се насобрани во Каиро и во градот Суез. Во меѓувреме, екс-директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија Мохамед Ел Барадеи најави дека ќе допатува во Египет од Виена. Аналитичарите предвидуваат дека неговото враќање може да придонесе кон интензивирање на протестите, кои до сега се одвиваа без лидер. Во Вашингтон, државниот секретар на САД Хилари Клинтон испрати апел до владата во Египет да усвои повеќе реформи и да не им потклекне на анти-владините протести.
XS
SM
MD
LG