Достапни линкови

Конгресменката Гифордс испратена во центар за рехабилитација


Американската конгресменка Габриел Гифордс

Американската конгресменка Габриел Гифордс

Американската конгресменка Габриел Гифордс е преселена од одделот за интензивна нега во институција за рехабилитација, откако докторите утврдија дека нејзината здравствена состојба се подобрува. Гифордс беше повредена во престрелка во Аризона на осми овој месец. Во инцидентот загинаа шест лица а дванаесетмина беа повредени. Дваесет и две годишниот напаѓач Џарен Лоугнер е во притвор и чека судење.
XS
SM
MD
LG