Достапни линкови

Стоматолозите се први кои излегоа на предупредувачки протест поради наталоженото незадоволство од условите во кои работат и проблемите со платите.

Лекарите ќе станат јавни службеници, докторите ќе земаат плата по учинок, воведување концесија за дел од клиниките, новите законски модели во здраството и притисок врз вработените како и преотовареност на некои болници. Ова се дел од пакетот проблеми на кои се жалат здраствените
Ако се најде решение за тие две институции односно она што се бара од нив, тогаш веројатно нема да има протест, а доколку нема слух сигурно ќе има протест.
работници.
Стоматолозите се први кои излегоа на предупредувачки протест по, како што велат, наталоженото незадоволство од условите во кои работат и проблемите со платите.

Претседателот на Самостојнниот синдикат на скопските клиники Дејан Ставриќ вели дека по разговорите со министерот за здравство, примената на проектот за плаќање по учинок во сите установи е одложена на три месеци. Тој додава дека тие не се противат на проектот за плаќање туку се против моделот и начинот на примена на проектот и за тоа е формирана и работна група која работи на измените на истиот. Ставриќ вели дека ако им се исполнат барањата, протестот нема да продолжи.

„Новата градска болница има директни разговори со премиерот колку што сум информиран, иако не знам зошто премиерот треба да ги решава овие
Континуиран Мобинг за тоа кој нема да ја потпише таа финансиска реализација нема да добие одмор, се врши континуиран притисок врз самите вработени или една од мерките му е да постарите вработени да одат во пензија.
работи, така што следните две недели ќе знаеме дали ќе продолжи. Ако се најде решение за тие две институции, односно она што се бара од нив, тогаш веројатно нема да има протест, а доколку нема слух сигурно ќе има протест.“

Претставникот на синдикатот на стоматолошките клиники, Атанас Шуков вели дека директорот на Клиниката за стоматологија на своја рака спроведува реформи кои ќе доведат до уништување на оваа установа.

„Континуиран мобинг за тоа кој нема да ја потпише таа финансиска реализација нема да добие одмор, се врши континуиран притисок врз самите вработени или една од мерките му е да постарите вработени да одат во пензија и еден по еден ги вика на разговор и врши постојан притисок врз нив.“

Финансискиот директор Дејан Илјовски ги негира овие тврдења и вели дека дел од демонстрантите се лекари кои малку работат и не сакат промена на платата.

„И една иста група лекари да н еречам не работат, но работат многу слабо. Како за едните има услови има пациенти, а за другите нема. Како мислат да земат плата!? Со 40 отсто имаме проблеми, 370 вработени, имаше лица што воопшто не се вработени, имаше претставници на политички партии како поранешниот портпарол на Фондот, кого го видов таму.“

Министерот за здраство Бујар Османи го оценува како позитивен чекор обидот проблемите околу реформите да се решава преку дијалог со синдикалците.

„Во изминативе денови слушнавме реакции по однос на реформските проекти што ги презема Министерството за здравство и посебно во делот за плаќање по учинок, сметам дека веќе сме на вистински пат да се расчистат сите тие нејаснотии и отворени прашања што предизвикаа забуни и можеби вознемиреност кај вработените.“

Министерот Османи додава дека новиот проект за плаќање по учинок нема за цел да се заштедат пари за плати на новите 280 вработени во здраството, туку е е модел за стимулирање на квалитетниот персонал и ќе донесе дополнителни пари во здравството.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG