Достапни линкови

Парламентарното собрание на СЕ против организираниот криминал


Парламентарното собрание на Советот на Европа денеска ги повика сите членки на ЕУ, ЕУЛЕКС, српските и албанските власти во борба против организираниот криминал, по усвојувањето на извештајот на европарламентарецот Дик Марти за нелегална трговија со човечки органи во Косово. Според институцијата сите криминалци треба да одговараат за незаконските дела, без разлика на која страна припаѓаат и каква политичка улога имаат. Парламентарното собрание побара и да се обзбедат сите услови за заштита на сведоците инволвирани во случајот.
XS
SM
MD
LG