Достапни линкови

logo-print

Жителите на Долнени добија чиста вода


Околу 16.000 жители од три општини: Долнени, Кривогаштани и Крушево добија чиста и здравствено исправна вода за пиење, откако е пуштена во употреба хлорната станица.

На овој начин се надминуваат можните опасности од инфекции, на кои предупредуваше прилепскиот Завод за здравствена заштита при честите контроли на водата што жителите во овој регион ја користат за пиење.

„Од Долнени се покриени Дебреште, Лажани, Житоше, Кошино и Локвени, од Кривогаштани имаме три села и Општина Крушево. Резултатите од ЗЗЗ кои идат со напомена дека може да се случи нешто, и затоа мораме ова да го решиме така. Досега немало проблеми“,
Ова е типичен проект каде што навистина, не би можел да се реши проблемот само од страна на еден ентитет, една институција. Потребата покрива неколку општини и се базира на вклученоста и посветеноста на повеќе луѓе од разни институции, од општините, невладините организации и централната
власт.
потенцира Абдула Бајрамоски, градоначалник на Општина Долнени.

Реализацијата на овој проект е инвестиција на Швајцарската агенција за развој и соработка, во рамките на програмата за заштита на животната средина.

„Ова е типичен проект каде што навистина, не би можел да се реши проблемот само од страна на еден ентитет, една институција. Потребата покрива неколку општини и се базира на вклученоста и посветеноста на повеќе луѓе од разни институции, од општините, невладините организации и централната власт. Ова не е едноставна задача, зашто треба да се усогласат програмите на различни институции и општини, затоа ова не е само предизвик во Македонија, туку и во цел свет“, оцени Стефано Лазарото, амбасадор на Швајцарија во Македонија.

Во долненска општина, освен во Мраморани, сите други села се снабдени со доволно и исправна вода за пиење. И во Мраморани има изградено водоводна мрежа, но се уште не може да се стави во функција.

Архива: 15 Јуни 2010. Селото Долнени пред пуштањето на водоводот.

„Проблем е што водоводната мрежа оди до шахтата која е под надлежност на Јавното комунално претпријатие од Прилеп. И неколку пати правиме напори да се договориме, значи да ни пуштат тие вода за тоа село, таа количина што ќе ја трошат, ние со водомер да си ја мериме и да си ја платиме толку колку што ќе потрошиме, но засега не можеме да најдеме разбирање, од кои причини не знам. Во друг случај ние тоа ќе треба да го решаваме на наша територија од шахта која е во Општина Долнени“, вели градоначалникот Бајрамоски.

Тој додава дека во тој случај треба да се реализираат и броојни други зафати: да се смени железничката станица, регионалниот пат Прилеп-Кичево, а тоа бара дополнителни средства. Затоа според Бајрамоски треба да се најде разбирање од прилепски Водовод и да се надмине и овој проблем. Останатите села Десово, Дупјачани, Црнилиште се снабдени со свои пумпи. Во Браилово и Црнилиште месната заедница ги одржува водоводите, но тие не плаќаат струја на ЕВН, па често остануваат без вода.

„Црнилиште има околу 20.000 евра, Браилово има околу 3.000 евра струја за плаќање и еве идат тие, нудат да го преземеме, но Јавното комунално претпријатие на Долнени не може тој долг да го покрие и во краен случај не може вода да пие Црнилиште а да му ја плати Дебреште, Ропотово или не знам друг.“

Според Бајрамоски, сепак се вложуваат напори и постои расположение и од страна на жителите да се решат проблемите, па конечно цела општина да биде снабдена со исправна вода за пиење.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG