Достапни линкови

Разрешувања во Кремљ по нападот во Домодедово


Рускиот претседател Дмитри Медведев го разреши шефот на одделот за транспорт на министерството за внатрешни работи Андреј Алексиев поради самоубиствениот напад на аеродромот во Дободедово. Се наведува дека освен него, биле разршени и шефот на полициската станица на аеродромот, како и неговите двајца помошници. Денеска во Русија е ден на жалост за жртвите од завчерашниот напад. Во него загинаа 35 луѓе, меѓу кои и осуммина странски државјани, додека стотина други беа ранети. Рускиот премиер Владимир Путин вети одмазда за нападот.
XS
SM
MD
LG