Достапни линкови

Русија: ден на жалост за жртвите од Домодедово


Во Русија денеска е ден на жалост за жртвите од завчерашниот напад на бомбаш самоубиец на аеродромот Домодедово кај Москва. Во нападот загинаа 35 луѓе, меѓу кои и осуммина странски државјани, додека стотина други беа ранети. Рускиот премиер Владимир Путин вети одмазда за нападот, а претседателот Дмитри Медведев ги критикуваше безбедносните сили и раководството на аеродромот за недоволните мерки за безбедност.
XS
SM
MD
LG