Достапни линкови

Би Би Си ја укинува програмата на македонски јазик


Би Би Си ја укинува радио програмата на македонски јазик што се емитуваше од Лондон во изминативе 15 години. Во соопштението на ваквата одлука се наведува дека покрај македонската секција, во рамките на Светскиот сервис, се укинуваат уште четири редакции, на албански, на српски, на англиски за карибскиот регион и на португалски за Африка. Директорот на Глобалната информативна програма Питер Хорокс ваквото решение на Би Би Си го образложи со одлуката на британската влада да ги намали средствата на комапнијата за 16 насто и оти со укинувањето на петте редакции се заштедуваат 46 милиони фунти.
XS
SM
MD
LG