Достапни линкови

Продолжува парламентарнoто собрание на СЕ


На денешниот дневен ред на Парламентарното собрание на Советот на Европа, меѓу другото, пратениците ќе расправаат за три извештаи кои се однесуваат на Балканот. Станува збор за заштитата на сведоците во регионот, за соработката на балканските земји во казнувањето на воените злосторства и за помирувањето и политичкиот дијалог меѓу земјите од поранешна Југославија. Пред парламентарнците денеска треба да се обрати и претседателот на Србија Борис Тадиќ. Вчера ПС на СЕ го усвои извештајот на Дик Марти за трговијата со човечки органи на Косово.
XS
SM
MD
LG