Достапни линкови

Приштина подготвена за соочување со вистината


Јакуп Красниќи

Јакуп Красниќи

Вршителот на должноста претседател на Косово Јакуп Красниќи синоќа изјави дека косовските институции побарале од Еулекс ажурност во истражувањето на наводите од извештајот на Дик Марти, за што поскоро да се разјасни целата ситуација. По усвојувањето на резолуцијата и извештајот на Марти во Парламентарното Собрание на СЕ во Стразбур, Красниќи изјави дека Приштина е подготвена за соочување со вистината.
- Убедени сме дека тоа не може да се докаже. Ние сме заинтересирани вистината да биде обелодената, без разлика колку таа може да биде болна, истакна Красниќи. Тој додаде дека верува оти резолуцијата на Советот на Европа и извештајот на Марти нема да влијаат врз новите признавања на независноста на Косово.
XS
SM
MD
LG