Достапни линкови

Србија: чекор кон откривање на вистината на Косово


Горан Богдановиќ

Горан Богдановиќ

Претставниците на српската Влада, пратениците и аналитичарите изразија очекување дека усвојувањето на резолуцијата за трговија со човечки органи на Косово во Парламентарното собрание на Советот на Европа ќе иницира темелна и непристрасна истрага. Министерот за Косово и Метохија, Горан Богдановиќ оцени оти тоа е чекор во насока на откривање на вистината за настаните на Косово, укажувајќи дека сега на ред се иследниците, кои мораат да спроведат темелна и непристрасна истрага за тврдењата на известувачот Дик Марти. Се надевам дека истрагата за трговија со човечки органи на Косово ќе биде поддржана од САД и членките на ЕУ, бидејќи откривањето на вистината за ваквите случувања е пат кој води до помирување и стабилизација на регионот, додаде тој.
XS
SM
MD
LG