Достапни линкови

Обама повика на поголемо инвестирање во земјата


Второ „State of the Union“ обраќање на Обама

Второ „State of the Union“ обраќање на Обама

Американскиот претседател Барак Обама повика на поголемо инвестирање во истражувањата, образованието и инфраструктурата, за да и се помогне на најразвиената економија во светот да биде глобално конкурентна. Во своето второ „State of the Union“ обраќање, рано изутрината по европско време, Обама истакна дека земјата се соочува со таканаречен „спутник“ момент, алудирајќи на вселенската трка со Советскиот Сојуз од 50-те години на минатиот век. Во врска со надворешната политика, Обама нагласи дека војната во Ирак се ближи кон крајот, а оти повлекувањето на американските трупи од Авганистан ќе почне во јули. Тој додаде дека Америка ги обнови врските со Русија и ги зајакна односите со азиските земји.
XS
SM
MD
LG