Достапни линкови

logo-print

Судири на демонстрантите и полицијата во Египет


Протестите во Каиро

Протестите во Каиро

Илјадници демонстранти во Египет денеска се судрија со полицијата. Тие бараат да се стави крај на тридеценискиот режим на Претседателот Хосни Мубарак. Полицијата употребила солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите, кои фрлале шишиња и камења по нив.
Тие по улиците извикувале Тунис, Тунис, инспирирани од тамошните немири по кои беше соборен авторитарниот режим на Претседателот. Протестите се одржуваат во Каиро, Александрија и други градови на кои се проценува дека учествуваат околу 20 илјади луѓе.
Американскиот државен секретар Хилари Клинто изјави дека САД веруваат дека владата во Египет е стабилна.
XS
SM
MD
LG