Достапни линкови

logo-print

Руската Дума го ратификуваше новиот СТАРТ


Договорот за намалување на нуклеарното вооружување СТАРТ меѓу Русија и САД денеска беше ратификуван од Долниот дом на рускиот парламент. Договорот бил усвоен со 350 гласови за, 96 против и еден воздржан. Договорот сега ќе мора да биде одобрен и од Горниот дом.
Претходно руската Дума усвои повеќе дополнувања со кои се одредија условите под кои Русија може да излезе од овој договор. Американскиот Сенат го ратификуваше новиот СТАРТ во декември минатата година.
XS
SM
MD
LG