Достапни линкови

logo-print

Милијардерот Наџиб Микати нов премиер на Либан


Новиот либански премиер Наџиб Микати

Новиот либански премиер Наџиб Микати

Кандидатот на шиитската радикална група Хезбола е назначен за нов премиер на Либан. Претседателот Мишел Сулејман денеска го номинираше сунитскиот милијардер Наџиб Микати да формира нова влада. Микати по неговото назначување на функцијата изјави дека во четврток ќе ги започне разговорите за формирањето на новата влада и ги повика сите политички партии да ги надминат несогласувањата.
Премиерот Саад Харири претходно изјави дека тој нема да учествува во влада контролирана од Хезбола.
XS
SM
MD
LG