Достапни линкови

Протести во Египет за економски и политички реформи


Абдел Монеим во знак на протест се самозапали пред египетскиот Парламент пред неколку дена

Абдел Монеим во знак на протест се самозапали пред египетскиот Парламент пред неколку дена

Стотици жители на Египет денеска протестираат за спроведување на економски и политички реформи во земјата. Според извештаите тие ги пробиле полициските кордони во центарот на Каиро извикувајќи „Долу Хосни Мубарак“, кој беше лидер на Египет три децении.
Протестот е организиран од онлајн активисти кои се инспирирале од немирите во Тунис со кои беше соборен режимот на авторитарниот претседател во почетокот на месецов. Полицијата ги предупредила демонстрантите дека може да бидат уапсени, но засега нема извештаи за апсења или инциденти.
XS
SM
MD
LG