Достапни линкови

Македонскиот Парламент ги усвои измените на Уставот


Македонскиот Парламент денеска со 90 гласови за и ниту еден против или воздржан го усвои барањето на владата за измена на Уставот на Македонија. Владата како подносител на предлогот побара да изготви амандман за уставните измени, кои предвидуваат Македонија врз основа на меѓународен договор да може да екстрадира свои граѓани во други земји, но и да бара испорачување на странски државјани што ги гони за организиран криминал, кои го злоупотребиле двојното државјанство или избегнувале казнена одговорност.
XS
SM
MD
LG