Достапни линкови

Вечерва во салата „Борис Трајковски“ во Скопје ќе биде одржан меморијален концерт во чест на Тоше, по повод неговиот 30-ти роденден.

Ѕвезда што не згаснува, се најспоменуваните зборови за Тоше Проески. Вечерва во салата „Борис Трајковски“ во Скопје ќе биде одржан меморијален концерт во негова чест, по повод неговиот 30-ти роденден. Три години по сообраќајната несреќа во Хрватска во октомври 2007, луѓето продолжуваат да се сеќаваат на него и да ја слушаат неговата музика. Тој останува музичар за кој постои интерес кај публиката. Неговите албуми се
Тоше можеше да отпее било каква музика, значи да партиципира, да пее и класични дела и оперите и етно-музика.
реемитуваат, а се објавуваат постхумно нови. Што е она што прави неговата музика да се слуша. Музичарите за него зборуваат дека пред се тој е одличен уметник, а она другото што го краси како личност е плус. Марјан Јовановски е од групата Синтезиз со која Проески имаше соработка и настапи на некои од нивните албуми:

Тоше Проески на националниот избор за песна на Евровозија на 14 февруари 2004 година

„Тоше беше поп-пејач, меѓутоа ако поп-музиката важи за една полесна, сепак Тоше можеше да отпее било каква музика, значи да партиципира, да пее и класични дела и оперите и етно-музика. Значи тој се докажа во се, и ќе оставеше многу голем опус позади него.“

Тоа што Тоше останува ѕвезда што не згаснува, многумина ја препишуваат и на тоа што младите генерации го сакаа и се уште го сакаат како свој идол. Тој им е пример и за хуманост, вели Јовановски.

Во неговата појава се споени две работи кои тешко може да се најдат,
Тоа е еден извонреден талент, ненадминат како глас... И второ она што го одвојува од другите е неговиот хуманизам, неговата
добрина.
коментираат социолозите. Освен неговиот глас на музичар, она што луѓето и публиката го сакаат и чувствуваат, се и неговата широчина како човек, вели професорот Илија Ацевски од Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.

„Што на овие наши простори тешко можете да ги најдете. Тоа е еден извонреден талент, ненадминат како глас. И второ она што го одвојува од другите е неговиот хуманизам, неговата добрина, на некој начин да покаже љубов кон оние што го почитуваат. Тоа е Тоше и она што го издвојува од многу пејачи.“

Сепак Ацевски нагласува дека неговата музика може да ја прими секој без разлика на возраста, дека тука нема двојба оти во прашање е неговиот глас и не би требало да се засени неговиот талент со нешто друго.
Во чест на Тоше и во центарот на градот денеска е поставена параклис-црквичка на човекољубието, а во Битола се одржа музички хепенинг „Тоше има само датум на раѓање.“
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG