Достапни линкови

logo-print

Папандреу не е оптимист за брзо решавање на спорот со Македонија


Папандреу и Груевски

Папандреу и Груевски

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу во синоќешното обраќање пред Парламентот во Атина изјави дека не е оптимист за скорешно решавање на спорот за името.
- Не сум оптимист околу изгледите за брзо решение на спорот за името на ПЈРМ. Другата страна одбива да прифати име со географска одредница за севкупна употреба. Грчките ставови и иницијативи за ова прашање се стабилни и постојани. Имаме национална стратегија и јасно исцртани црвени линии, рече Папандреу пред пратниците говорејќи за надворешно-политичките приоритети на Грција.
На „црвените линии“ се повика и Андонис Самарас, лидерот на најголемата опозициска партија Нова демократија. Самарас рече дека ја застапува позицијата и црвените линии поставени на Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година, како и име без етничка одредница за севкупна употреба како решениe за спорот со северниот сосед.
Тој ја обвини Владата на Папандреу дека води тајна дипломатија за важните надворешни-политички прашања, што, според него, создава повеќе сомнежи во земјата отколку зголемена доверба со другата страна.
XS
SM
MD
LG