Достапни линкови

Грција и Бугарија во акција против трговија со бебиња


Во Грција е превземена голема полициска операција за разбивање на криминална мрежа за трговија со бебиња во Атина, Ламија и Серес.
Акцијата се спроведува во соработка со бугарската полиција и со поддршка на Европската агенција за зајакнување на соработката во областа на правосудството.
Досега се уапсени бугарски Роми, кои околу 10 години заминувале во Грција за да продаваат новороденчиња на семејства кои не можат да имаат потомство. Грчката полиција притворила уште и лекари и нотари. Апсења биле извршени и во Бугарија
XS
SM
MD
LG