Достапни линкови

Албанија ја очекуваат нови владини и анти владини демонстрации


Тирана - 21 Јануари 2011

Тирана - 21 Јануари 2011

Лидерот на опозициската Социјалистичка партија Еди Рама апелираше до меѓународната заедница да посредува во политичката криза во Албанија. Тој истовремено најави нови антивладини протести по немирите минатата недела, во кои загинаа тројца демонстранти.
И владејачките демократи за оваа недела најавија нови митинзи, додека Премиерот Бериша ги отфрли барањата на опозицијата да поднесе оставка поради наводна корупција.
Судирите меѓу Владата и сегашната опозиција започнаа пред една и пол година, по парламентарните избори во земјата на кои Бериша извојува тесна победа. Социјалистите никогаш не ги признаа резултатите од овие избори и тврдат дека се измамени.
XS
SM
MD
LG