Достапни линкови

logo-print

Активности за „Јасмин“ револуција и во Египет


Мохамед Фарук Хасан, еден од оние кои се самозапалија во Египет

Мохамед Фарук Хасан, еден од оние кои се самозапалија во Египет

Опозициони групи во Египет, инспирирани од настаните во Тунис, преку Фејсбук повикаа на масовни демонстрации за економски и политички реформи.
Опозиционата „Муслиманско Братство“ која формално не ги најави протестите соопшти дека 80 илјади луѓе најавиле присуство на нив. Властите предупредија дека активистите ќе се соочат со затвор доколку продолжат со таквите активности.
Во Египет протестите се реткост, но неколку лица се само запалија по примерот на младиот тунижанец кој предизвика масовни протести по кои власта и земјата ја напушти Претседателот Зине ел Абидине Бен Али.
XS
SM
MD
LG