Достапни линкови

Пратениците ќе одлучуваат за измените на Уставот


Пратениците во Собранието на РМ денеска ќе се произнесат за барањето на Владата за измени на Уставот, со кои се предвидува Македонија врз основа на меѓународен договор да може да екстрадира свои граѓани во други земји, но и да бара испорачување на странски државјани што ги гони за организиран криминал, кои го злоупотребиле двојното државјанство или избегнувале казнена одговорност. Ова го изјави претседателот на Собранието Трајко Вељаноски по завршувањето на расправата за точката на дневен ред. Опозициските партии се изјаснија дека ќе го поддржат предлогот на Владата, но изнесоа забелешки дека ваквите измени не треба да се прават без претходни консултации со нив.
XS
SM
MD
LG