Достапни линкови

logo-print

Верски празник на Шиитите во Карбала


Во ирачкиот град Карбала денеска треба да се одржи шиитска муслиманска церемонија, еден ден по нападот со автомобил бомба во кој загинаа 12 свештеници а десетици други лица беа повредени. Експлозијата се случи и покрај распоредувањето на 120 илјади полицајци и војници поради безбедност на церемонијата која постојано е цел на сунитските исламисти, Ал Каеда и на други милитанти.
XS
SM
MD
LG