Достапни линкови

Времето- претпладне слаб снег, попладне разведрување


Macedonia -- Snow in Skopje, 21Dec2009

Macedonia -- Snow in Skopje, 21Dec2009

Времето претпладне ќе биде променливо облачно со слаб локален снег. Попладне облачноста ќе се намали, а ќе дува и засилен северен ветер. Утринската температура се движи од минус седум до минус еден, а дневната ќе биде од минус четири до два, но поради ветерот таа ќе се чувствува за неколку степени пониска.
Во Скопје претпладне времето ќе биде облачно со повремено провејување на слаб снег, а попладне ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува и засилен ветер. Утринската температура се спушти до минус четири, а дневната ќе достигне до минус еден степен.
XS
SM
MD
LG